Барселона останува на календарот

Формула 1 испратила барања до патеката Каталуња за да остане на календарот и по оваа година. 

Иднината на Шпанското Гранд При останува во Барселона која е дом на трката од 1991 година и е една од помалку популарните патеки бидејќи нема возбудливи трки, тешко се следи, а уште потешко се претекнува. Се појави голем притисок за носење на нови трки на календарот со новиот кандидат Мајами кој треба да ја замени трката во Шпанија. 

Иако Барселона доби договор за една година кој истече по овогодинешното издание, сеуште не е ништо одлучено за во иднина. Стефано Доменикали изјави дека треба да се задржи патеката во Барселона на календарот и тестирањата да се одржуваат таму. 

Обврската треба да се исполни за два месеци и ние треба да преговараме – објави италијанецот.

Се верува дека проблемот не е само сумата за учество туку и обнова на инфраструкутрата. 

Не треба да се зголеми сумата која изнесува 22 милиони евра туку Формула 1 сака да се надградат објектите, боксот, контролната кула и прес собата која е изградена пред 30 години – велат од организацијата.

Целата инвестиција би била околу 70 милиони евра без да се промени патеката. Овој трошок е изводлив само доколку се потпише 5-годишен договор. Барселона е домаќин на многу туристи и градот очекува да организира повеќе настани во текот на тој Гранд При викенд. Доколку Барселона не успее да го продолжи договорот, Шпанското Гранд При е можно да се пресели на Херез, а целосно нова патека чека оценка од ФИА и на Тенерифе.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ