Барселона планира илјадници фанови за трката во Мај

Организаторите на Големата награда на Шпанија ги потврдија палновите да дозволат илјадници фанови на одредени делови од трибините на трката која е планирано да се одржи во Мај.

Најголем дел од ланските трки беа без глдачи, а оние кои дозволија фанови силно го ограничија бројот на истите. Официјалните лица на автодромот Барслона Каталуња потврдија дека планираат фанови на викендот кој треба да се одржи од 7 до 9 Мај како и за МотоГП настанот од 4 до 6 Јуни.

со цел да се запази безбедната дистанца на трибините, патеката набави систем за продажба на влезници во кој секогаш кога некој купувач ќе купи седиште или седишта, околните автоматски се блокираат и не може да се купат за да има безбедна дистанца.

друга безбедносна мерка која ќе ја имплементираме е дека картите ќе гласат на име и презиме и истите ќе се пополнуваат при купување, а влезот на патеката може само со документ за лична идентификација.

автодромот ќе биде поделен на пет различни зони за контрола на капацитетот и оптимизација на циркулацијата на посетителите, создавање на меури и под-меури во кои нема да има повеќе од 3.000 луѓе во секој сектор од секоја трибина.

посетителите ќе може да пристапат на патеката преку најблискиот влез и да го паркираат автомобилот на најблискиот паркинг со цел да не дојде до мешање на групи кои припаѓаат во различен меур.

капацитетот на паркинзите и пристапниот влез до трибините ќе осигура пристап на толку фанови колу што ќе бидат дел од меурот со цел да се задржи неопходната безбедност и дистанца за сите гледачи – објаснуваат од патеката.

Со здравствената криза која се менува секојдневно, купувачите на билети ќе може да ги искористат картите за следната година или да ги добијат своите пари назад доколку конечно се реши трката да се вози без гледачи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ