Џенсон Батон и Џими Џонсон го носат НАСКАР на 24 часа Ле Ман

Овогодинешната 24 часовна трка во Ле Ман ќе вклучи учество со двајца шампиони, светскиот шампион во Формула 1 од 2009 година, Џенсон Батон, ќе се здружи со седумкратниот победник во НАСКАР, Џими Џонсон.

Двојката ќе му се придружи на победникот на Ле Ман од 2010 година, Мајк Рокенфелер, во екипата Garage 56 во овогодинешното 100-годишоно издание на легендарната трка.

Навистина е посебно да се биде овде. Отсекогаш сум мислел за себе како тркачки возач и барав нови предизвици уште од мојата Ф1 кариера. Ќе учествувам на Ле Ман и многу сум возбуден што ќе работам со тим од звезди – изјави Батон.

Го прашав што ќе прави во 2023 година, бидејќи овој човек не може да седи мирен. Тој се обидуваше да направи неколку работи и ми рече, се надевам дека ќе го донесам НАСКАР на Ле Ман.

Потоа Роки ме покани на тест во Себринг и се започна од таму. Ги гледав и слушав сите информации и сите чекори напред што ги правеа.

Џими Џонсон ја сподели својата радост:

Не можев да одолеам на можноста – рече Џонсон. Мојот голем сон беше да го доживеам Ле Ман. Со оваа одлична група на возачи и овој тим, тоа е навистина посебно.

Третиот возач, Рокенфелер, исто така е возбуден за можноста.

Имаме неверојатна група партнери на овој проект – додаде Рокенфелер. Да се биде вклучен уште од првиот ден е само голема чест, многу е забавно и едвај чекам сега да го споделам автомобилот со овие двајца особено млади тимски колеги.

Во овој случај, автомобилот ќе биде изменета верзија на тркачкиот автомобил од новата генерација Шевролет Камаро ЗЛ1, кој е резултат на соработка помеѓу НАСКАР, Хендрик Моторспорт, Шевролет, ИМСА и Гудјиар првично објавена во Март минатата година.

Друг поранешен шампион на НАСКАР, Џеф Гордон, првично беше дел од составот, но се повлече откако стана потпретседател на Хендрик Моторспорт. Враќањето на името НАСКАР во Ле Ман е голема почит за основачот на НАСКАР, Бил Франс Сениор.

Дизајнот и намерата е да се донесе НАСКАР во Ле Ман – рече Џонсон. Огромна чест е да се претставува НАСКАР и имам огромна историја со луѓето кои се вклучени.

Автомобилот е различен од вообичаеното возило на НАСКАР, така што е некаде помеѓу хибрид на НАСКАР и прототип.

Сите тројца возачи ќе го тестираат автомобилот на патеката Дејтона во Вторник.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ