Батон со свое предвидување за годинава

Џенсон Батон не очекува променет поредок оваа сезона како резултат на целосно новите правила.

Како што се доближува почетокот на првиот предсезонски тест и се претставуваат новите болиди, почнуваат да се слушат мислења околу евентуалниот распоред на силите. Во свое интервју за Скај Спортс, Џенсон бил запрашан да го каже својот фаворит за титула годинава.

би рекол мерцедес. мислам дека ред бул беа многу силни лани, но во текот на сезоната, мерцедес повеќе напредуваше и се доближи до нив, дури и ги претекна по чиста брзина и тркачки ритам.

знаеме дека за да ги победите мерцедес треба да бидете побрзи од нив затоа што тие како екипа не прават грешки. тие се фаворити, а таму ќе биде мртва трка помеѓу луис хамилтон и џорџ расел на што не можам да докчекам. британците во мерцедес мислам дека ќе се борат за титула – посочи првакот од 2009 година.

Дури и подоле во поредокот тој не очекува значителни промени и смета дека Ферари повторно ќе бидат третопласирани. Запрашан да именува некое изненадување, тој ги спомна Алпин и Мекларен.

тие се суперсила во формула 1 и имаат титули за нив. ферари се оние кои највеќе напредуваа лани, така што може да бидат многу силни со двајца одлични возачи.

но и мекларен се одлични, тие се навистина возбудлива екипа, бев со нив кога беа најсилни, потоа назадуваа и сега е одлично што повторно се борат при врвот.

има доста промени на гридот и одлично е да се види александер албон назад во формула 1 во втора можност во спортот и нетрпелив сум да работам со него.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ