BWT заминува од Астон, ќе станат ли спонзори на Алпин ?

Долго време, австрискиот БВТ беше главен спонзор на Рејсинг Поинт и еден од најголемите спонзори на Астон Мартин, а пред ерата на Строл, болидите беа офарбани во розева боја.

Но, се чини дека соработката на австриската компанија за водена технологија и Формула 1 екипата од Силверстон ќе прекине. Логото на БВТ повеќе го нема на листата на спонзори на официјалната страница на тимот.

Сепак, тоа можеби е поради фактот што Договорот на БВТ е истечен и треба да се продолжи, но од почетокот на сезоната, компанијата не ја доби доминантната розева боја на болидот која ја сака и не е главен спонзор, американската софтверска компанија Когнизант стана главен поддржувач на тимот.

Бришењето на БВТ од листата на спонзори доаѓа во исто време со заминувањето на Отмар Шафнауер од Силверстон, по ланските шпекулации сека американецот ќе мине во Алпин. Така, не е ни чудо ако БВТ се реши да ги следи неговите чекори и повторно да работат со човекот со кого одлично се сложуваа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ