БВТ ќе гради бунари за секои поени на Рејсинг Поинт

Главниот спонзор на Рејсинг Поинт, компанијата БВТ, се обврза да гради бунар за секој пласман во поени на Серхио Перез и Ленс Строл оваа тркачка сезона.

Тимот од Силверстон е партнер со БВТ поради кои ја имаат розевата боја на болидот од 2017 година, а годинава компанијата чија специјалност е третирање на вода, стана дел од името на екипата.

Како дел од b.Water Mission програмата, БВТ ќе гради бунари во Гамбија секогаш кога возачите на екипата ќе стигна до позиција на крајот од трката која носи поени за екипата.

една од клучните силни страни во нашето партнерство со БВТ е желбата да се користат глобалните платформи на спортот за да се постигне напредок во издржливи проекти низ светот.

бвт веќе го поддржува тимот во однос на иницијативата да се намали користењето на пластика за една употреба во формула 1 падокот, а со b.Water Mission имае можност да направиме нешто многу значајно надвор од тркачката патека.

се враќаме на долго очекуваните трки во австрија, но имаме голема обврска да се покажеме во добро светло како дел од оваа фантастична иницијатива – изјави отмар шафнауер, првиот човек на екипата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ