Белгија останува во календарот и догодина

Формула 1 ќе се вози на Спа Франкошамп и следната година откако белгијците постигнале едногодишно продолжување на договорот за организација на Гранд При трка.

Актуелниот договор на Белгија истекува на крајот од оваа сезона, така што Спа, како една од традиционалните и историски патеки, “висеше“ за следната сезона. Иако Европа требаше да остане со само 8 тркачки викенди, несигурноста на организација на трка во Кина и неподготвеноста на Јужна Африка, ги променија плановите на Формула 1, така што Галвниот извршен директор, Стефано Доменикали, потврди дека трката останува во календарот и следната сезона.

За време на викендот кој можеше да биде последен за омилената патека во тркачкиот циркус во некое доглдно време, двете страни наше заедники јазик за трката да остане во календарот и догодина, откако годинешниот настан е распродаден целосно во сите три денови. Трката би требало да го заджи своето традиционално место на крајот на летото, односно на почетокот на вториот дел од сезоната.

формула 1 може да потврди дека белгиското гранд при ќе биде на формула 1 календарот откако постигнавме договор со организаторите. останатите детали за календарот ќе бидат дополнително објавени – изјави стефано доменикали во кусата изјава за британски скај.

Обидите на Спа да остане во календарот значеа инвестиција од 80 милиони евра за подобурвање на патеката и околната инфраструктура, особено проблемот со сообраќајот на оддалечениот автодром на Ардените.

Автодромот доби само едногодишно продолжување на договорот, а деталите за потоа сеуште не се познати.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ