Бен Сулајем повикува на здрав разум за влезот на Андрети Кадилак

Мохамед Бен Сулајем јавно ја поддржа кандидатурата на американската екипа да се приклучи на Ф1 гридот.

Претседателот на ФИА, повика да надвладее здравиот разум кога ќе се донесе одлука дали Андрети Кадилак Рејсинг ќе стане 11та екипа во Ф1.

Управното тело на спортот започна процес на изразување интерес на почетокот на оваа година, а конечната одлука за проширување се очекува на крајот на Јули.

Има капацитет да се зголеми гридот на 12 тимови, најотворената понуда од почетокот на процесот е Андрети Кадилак, а екипата на Мајкл Андрети се залага за влез од 2025 година.

Потврдувајќи дека биле поднесени повеќе од пет понуди за влез, Бен Сулајем објасни:

Луѓето мора да разберат дека сме тука да го промовираме моторспортот и тука сме да бидеме фер.

Процесот на изразување интерес е многу робустен и не постои околност каде што можеме да одбиеме тимови доколку ги исполнуваат критериумите за влез.

Замислете да му кажам не на некој како Џенерал Моторс – додаде Бен Сулејем.

Ние имаме во прописите дека можеме да одиме до 12 тима. Не ги кршам правилата. Дали дозволуваме некој да влезе? Не. Но, како да го одбиеме ЏМ?

Мислам, каде е здравиот разум во ова? ЏМ е тешка категорија и кога ќе дојдат со Андрети, тоа е добро за сите нас.

Андрети првично ја објави својата кандидатура за влез во Ф1 преку Светскиот шампион Марио Андрети од 1978 година под името Андрети Глобал, иако стана јасно дека недостатокот на фабричка поддршка ќе му застане на патот додека актуелните тимови се обидуваа да ја заштитат вкупната вредност на гридот.

Но, одлуката за партнерство со Џенерал Моторс беше игра на моќ од страна на Андрети и го натера Бен Сулајем јавно да ги поддржи напорите за влез.

Една од причините што го направивме ова беше затоа што тие беа упорни – рече тој.

Станува збор за сериозни претенденти, потоа ја обезбедија ја обезбедија соработката со ЏМ, најголемиот производител на автомобили во САД, и со тоа нивната кандидатура стана посилна.

Не ги обвинувам некои од тимовите што не сакаат или одбиваат, затоа што луѓето сакаат да седат удобно во својата област, што значи дека нема некој нов што ќе ги предизвика со можеби перформансите или финансиските придобивки.

Но, ние веруваме дека условите се соодветни за новите учесници во Ф1.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ