Бергер е сигурен дека Ауди и Порше ќе дојдат во Ф1

Герхард Бергер е сигурен дека Ауди и Порше ќе се приклучат на Формула 1 гридот како производители на мотори по промената на правилата за агрегатите. 

Фолксваген одамна сака да се приклучи на спортот, но чека официјализирање на правилата. 

Мислам дека двата бренда ќе се приклучат кон спортот. Порше и Ред Бул за мене е сигурно, додекА Ауди преговара со три тима – посочи шефот на дтм тркачката серија.

Долго време се зборува дека Ауди сака целосно фабрички тим како Мерцедес, но некој тим треба да се продаде за да се случи тоа. 

Мислам дека Заубер е добра база за Ауди. Тие одлично работат со Алфа РОмео и Фред Васур. Ауди бара тим и преговараат и со Строл. 

Бергер смета дека сеуште има време за напредок на Астон Мартин оваа сезона. 

Тие беа полоши отколку што се на првите трки, Но ќе почекаме уште неколку трки. Поените на Имола не се гаранција за успехот на екипата. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ