Бергер: Ред Бул има сезона како Мекларен во 1988

Формула 1 легендата, австриецот Герхард Бергер, изјави дека Фернандо Алонсо го потсетува на себе во минатото. 

Двократниот шампион, Макс Верстапен, се чини дека ќе ја освои и третата титула, но негов ривал не му е колегата туку Алонсо од Астон Мартин. 

некаде прочитав дека Верстапен и Перез е повторување на Сена и Прост. Да, Верстапен е во таа лига, Перез е блиску до Макс, но се чини дека Макс е сам – посочи герхард.

Алонсо е единствениот вистински предизвикувач за доминантните Ред Бул и ситуацијата го потсетува Бергер на таа во 1988 година кога Мекларен победи на сите трки, додека тој заврши на трето место со Ферари. 

Бев во истата ситуација како Алонсо. 

Таа година Сена и Прост победија на 15 од 16 трки и Бергер беше покрај нив. 

Гледам на тоа со задоволство, но Не бидејќи ги победив Мекларен, туку дека победив на Монца со Ферари. Таа сезона ми буди убави спомени. Имаше слични ситуации, а и Сега Алонсо чека нешто да се случи. 

Сепак, Бергер не е сигурен дека Ред Бул може да го собори рекордот од победа на 95% од трките во една сезона. 

Тешко е да се верува дека ќе нема трки без инциденти или технички проблеми, Но во однос на перформанси, мислам дека е можно. Сигурен сум дека Макс ќе ги добие сите рекорди на Формула 1, дури и тој со победи на Хамилтон. Тоа за него не е важно, но ќе ја промени иднината. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ