Бившиот премиер Рензи нема врска со саудиската Ф1 екипа

Италијанските медиуми деновиве објавија дека поранешниот премиер, Матео Рензи, е вклучен во тимот кој работи на создавање на нова Формула 1 екипа со седиште во Саудиска Арабија.

Рензи, кој во моментов е Сенатор во Фиренца, предивика бура кога неодамна беше виден на Бахреинското Гранд При, а потоа и жестоко критикуван во својата земја поради тоа што бил присутен на трката во моменти кога ситуацијата со пандемијата во Италија е многу тешка.

Специјализираниот италијански магазин, Autosprint, објави дека веста била иронија и дел од сатирична колумна која традиционално ја имаат во својот медиум.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ