Болидите ќе загубат 10% од потисната сила догодина

Согласно најавата за мала промена на правилата следната година, очекувањата се дека Формула 1 болидите ќе загубат 10% од својата потисна сила.

Потисната сила се намалува со цел да им се помогне на Пирели кои треба трета година по ред да ја одработуваат со истите гуми, оние дизајнирани за 2019 година. Новите гуми кои требаше да се користат сезонава беа едногласно отфелени на крајот на ланската година, додека новата регуалтива е одложена за 2022 година, што значи дека трошењето треба да се сведе на минимум.

Ненадејното откажување на гумите на Луис Хамилтон, Валтери Ботас и Карлос Саинз на Британското Гранд При ја натера ФИА да воведе аеродинамичко намалување на потисната сила преку промена на правилата за 2021 година.

комунициравме со екипите за голем број на опции за кои размислуваме и ги слушаме нивните коментари, а на тој начин избравме неколку работи, односно три помали модификации кои треба да се направат.

сите ќе елминираме одредени празнини во страничниот дел на болидот, на самата ивица на подот, ќе воведеме делови на задните канали за ладење на сопирачките, а дифузерите во задниот дел од болидот исто така ќе претрпат мали промени.

сметаме дека некои од овие промени ќе одземат 4-5% од вкупната потисна сила која ја имаат болидит, а дополнително веќе направивме и промена на ивиците на подот уште во мај. вкупно треба да очекуваме околу 10% намалување на потисната сила, додека екипите ќе добијат 4-5% зголемување преку развојот. се работи за не премногу прецизни податоци затоа што никој не може точно да го предвиди напредокот на екипите, но нашите претпоставки се тие – објасни николас томбазис од фиа.

Тој потврди дека промени се прават како одговор на проблемите со гумите кои беа видливи годинава на Силверстон, а под претпоставка дека болидите само дополнително ќе ја зголемуваат потисната сила преку развојот.

болидот и гумите се едно, работат заедно. ќе имаме гуми следната сезона кои три годни по ред се идентични поради кризата предивикана од пандемијата и поради тоа и интензивниот распоред на трките кои го иаме сега, тестирањето и производството на нова конструкција на гуми е невозможно.

во меѓувреме имаме аеродинамички оддели во екипите кои работат напорно да направат посилни болиди и да донесат повеќе потисна сила, така што имаме две работи кои работат заедно и носат проблеми. тоа е причината за нашата реакција и поради тоа целиме на побезбедни болиди догодина.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ