Ботас: Алфа ги разбра проблемите

Валтери Ботас откри дека неговите инжнери од Алфа Ромео ги разбрале проблемите кои ги имале на првиот ден тестирање во Барселона, проблеми кои силно го ограничија неговото возење и возењето на Роберт Кубица.

Полјакот возеше во утринскиот дел и комплетираше само девет кругови, додека Ботас додаде дополнителни 23 по паузат за ручек и постави 10то време. Вкупно 32та кругови кои ги изврте маскирната Алфа беа најмалку споредено со било која екипа, американски Хаас исто така имаше проблеми и комплетираше 11 кругви повеќе од нив.

И покрај тоа што загуби доста време, Ботас не е загрижен за првиот тест ден во Шпанија затоа што тимот знаел што е проблемот и загубеното ќе било надоместено.

вистина е дека имавме проблеми и за жал тие не чинеа многу загубено време. проблемите беа од механичка природа, но за среќа целосно ги разбравме и знаеме како да ги поправиме, но немавме доволно време додека траеше сесијата.

секако дека денот не беше добар, ни фалеа кругови и километри, но барем го пробавме слободно болидо и имаме идеја на каде  да се движиме. се надевам дека следните два денови ќе минат без проблеми – посака финецот.

Резервистот Кубица откри дека имал два различни проблеми во текот на утринскиот дел кога го доби за себе болидот.

имавме неколку проблеми, но одлично и многу брзо решивме еден од нив. почнавме да возиме повеќе и одеднаш се појави друг проблем кој бараше повеќе работа, но мислам дека за вториот дел од денот го решивме, но загубивме доста време.

штета затоа што двата слободни летечки кругови кои ги добив беа одлични и сакам уште повеќе да го пробам лимитот на болидот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ