Ботас: Бавното производство влијае над перформансите

Финецот Валтери Ботас призна дека бавното темпо на развој на Алфа Ромео, делумно поради бавното производство на подобрувањата, е главна слабост за швајцарската екипа оваа сезона.

Алфа Ромео уживаше во продуктивна прва половина од сезоната оваа година, при што Ботас го испорача најголемиот дел од освоените 51 поени на тимот. Но, од Канадското Гранд При, тимот на Хинвил освои само еден поен, благодарение на пласманот на 10то место на Жу Гуанју во Монца неодамна.

Лошата сигурност во комбинација со околностите доведе до недостаток, но не може да се оспори фактот дека нивото на перформанси на Алфа во однос на нивните ривали од средината на гридот е намалено од првиот дел од сезоната, пад за кој Ботас верува дека е вкоренет во голем дел од задоцнета програма за развој на тимот.

Мислам дека ривалите, како на пример Мекларен и Алпин, направија поголем развој од нас и имаа повеќе постојани надградби од нас.

имаме надградби со некои работи за Остин или Јапонија, но претпоставувам дека тоа ќе биде повеќе или помалку недоволно. Мислам дека бевме еден од ретките тимови на почетокот на годината кои беа на границите на тежината. многу екипи беа со прекумерна тежина, но како што тие ја намалија тежината, можеби и тоа имаше ефект.

Знаеме дека една од нашите слабости е брзината на производство, што е висок приоритет за тимот во иднина. Дефинитивно сме свесни за тоа – реален е финецот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ