Ботас горд што Алфа се жртвувале за 6то место

Алфа Ромео не освоија поени на финалето од сезоната, но стратешки ја одработија трката за да го задржат 6то место во конструкторскиот поредок пред Астон Мартин што ќе им донесе 10-12 милиони долари повеќе од наградниот фонд.

Валтери Ботас го пофали тимот што ги жртвувал резултатите на трката во Абу Даби на начин на кој обезбедил финиш пред Астон Мартин во конструкторскиот поредок. Тимот од Хинвил заостануваше само 4 поени во пресрет на финалето од сезоната на Јас Марина. Во текот на трката, екипата се осигура дека Жу Гуанју преку бокс го мине Себастијан Фетел, додека Ботас возеше долго на стартниот хард за да биде на патеката пред Строл кога овој менуваше втор пат.

Жу и Ботас завршија надвор од поени на 12то односно 15то место, Строл и Себ беа во поени, но на крајот Алфа беа 6ти и покрај фактот што дете екипи имаа по 55 бодови. Одлучувачки беше пласманот на 5то место на Валтери Ботас во Мајами кој го донесе конечниот поредок.

Осврнувајќи се на трката која има го донесе 6то место во поредокот во неговата прва сезона во Хинвил, финецот Валтери призна дека последните неколку кругови биле навистина многу напнати.

задоволен сум за тимот затоа што резултатот е важен и ни значи многу. беше многу блиску во борбата за 6то место во шампионатот, но на крајот стигнавме до тоа и горд сум на сите.

единствено нешто што ни беше важно беше конечниот конструкторски поредок и стратегијата која ја одбравме беше насочена кон тоа, беше дефанзивна за да си ги задржиме позициите и да ги забавиме ривалите. се покажа добра, но имавме возбудливи моменти особено последниот круг иако мислевме дека полесно ќе ја завршиме работата – посочи ботас.

Финецот е горд на напредокот кој тимот го направил.

горд сум на тоа како екипата се справи со ситуацијата од зимскиот тест, успеавме да стигнеме до многу поени на почетокот од годината и тие резултати направија разлика на крајот.

духот во тимот е оеличен и можеме да бидеме горди на нашата работа која сигурно ќе ни помогне во иднина да напредуваме. имаме за то да работиме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ