Ботас даде мислење за новите болиди на Сузука

Овој викенд ќе се вози трката во Јапонија за прв пат од 2019 година бидејќи две години беше откажана поради рестрикциите поврзани со Ковид. 

Валтери Ботас даде свое мислење за најголемите разлики кај новите болиди кои за прв пат ќе возат на Сузука. Согласно новите правила, болидите се потешки и имаат поголеми тркала и Ботас верува дека тежината ќе биде пресудна во брзите свиоци на патеката. 

Мислам дека ќе има голема разлика која ќе се приметува со тежината во брзите свиоци. 

Финецот верува дека нема да има одмор за возачите во наредниот период поради последователни трки. 

Ќе биде тешко и долго бидејќи во вакви услови не може да се одмориш. Во Сингапур беше тешко поради тоа што возевме на гуми за суво, а патеката беше мокра. 

Јапонија требаше да биде крајот на трите последователни трки, но со откажувањето на трката во Русија сега има само две. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ