Ботас задоволен и покрај проблемите на Алфа

Валтери Ботас посочи дека е задоволен со тоа како се одвивале трите денови предсезонски тест за неговиот Алфа Ромео.

Тимот имаше проблеми во сабота наутро кога Ц43 застана неподвижно во вториот сектор на Шакир, а камерта од болидот покажа дека трансмисијата заглавила во 5та брзина, така што се работи за проблем со менувачот. Тоа беше втор дефект за Алфа последните два денови како болидот остана неподвижен и на крајот на петочната сесија додека вежбаа стартови.

Сепак, Гуанју Жу заврши со најбрзо време во петок, додека Ботас постави 3ти круг по вредност во сабота со 72 обиколки пред дефектот и вкупно 131 круг во текот на денот.

се на се сум задоволен со тоа како минаа овие три денови затоа што болидот беше добар, а чувството додека се вози се подобрило во текот на зимата. комплетиравме доса кругови и покрај техничките проблеми кои ги имавме.

благодарен сум на работата на механичарите на патеката кои брзо го поправија болидот и брзо се вратив на возењето и ја комплетирав целат зацртана програма – појасни финецот.

Трката е следниот викенд на програмата, така што возачите и екипите немаат многу време д ги корегираат слабостите.

нетрпелив сум да се вратам на возењето за првиот тркачки викенд затоа што чувството е одлично.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ