Ботас задоволен од новините за Мелбурн

Валтери Ботас е оптимист за новиниет кои Алфа Ромео ги донесоа на Австралиското Гранд При откако швајцарската екипа стана дел од срединаа на поредокот која оваа година ја сочинуваат дури 6 тимови.

Валтери заврши на 8мо место на првата трка од сезоната, но во Саудиска Арабија ниту еден болид на Алфа Ромео не дојде до поени. Финецот е задоволен од она што тимот од Хинвил го донесе на болидот викендов, нешто што ги идентификувало проблемите од Џеда и било насочено за нивно отстранување.

дефинитивно мислам дека имаме шанса да стигнеме до последниот квалификациски сегмент. бевме доста блиску на претходните трки, а за викендов имаме нови делови кои треба да донесат перформанси на нашиот болид.

најдовме проблем на болидот во саудиска арабија и тоа ми дава повеќе верба затоа што проблемот е поправен – вели ботас.

Тимот донесе ново предно крило и странични делови викендов, а според документот од ФИА, предното крило подобро го распоредува товарот, додека страничнит еделови даваат подобар проток на воздухот.

имаме нешто што подготвуваме и за трките кои следуваат, имаме план кој сакаме да го имплементираме чекор по чекор.

Алфа се 6ти во конструкторскиот шампионат со 4те поени на Ботас од Бахреин.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ