Ботас: Квалификациите се клучни во Монако

Валтери Ботас смета дека успехот на квалификациите во Мајами се покажал како клучен и ќе им помогне во Монако. 

Тој ја заврши претходната трка на 13та позиција, но лесно се квалификуваше во топ 10 и верува дека тоа ќе му помогне за да имаат достојна трка во Монако. 

Монако е трка за која не треба претставување, едноставно е посебна и се тркам дома. Многу сум мотивиран и ќе дадам се од себе.

Квалификациите во Мајами беа подобри одошто на претходните трки и тоа е најважно во Монако, Но сеуште треба да се работи на што тимот е посветен уште од Мајами. Ќе продолжиме да одиме напред и да ги подобриме нашите перформанси со цел да освоиме поени – вели финецот.

Жу Гунају откри дека надградбите од Имола ќе ги донесат во Монако. 

Имавме напредок во Мајами и сега треба да го задржиме моментумот и да продолжиме да напредуваме. Надградбите од Имола ќе ги донесеме тука во Монако и се надевам дека ќе освоиме поени. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ