Ботас нема ништо против да вози за Ауди

Возачот на Алфа Ромео, Валтери Ботас, е заинтересиран да остане дел од екипата од Хинвил кога тие ќе почне да соработуваат со Заубер од 2026 година.

Минатиот месец Ауди и официјално потврди дека како доставувач на мотори ќе почне соработка со Заубер од 2026 година и ќе купи одреден удел во Формула 1 екипата. Спонзорството на Алфа Ромео завршува на крајот од следната година кога се очекува да почне се поголемата вклученост на гермаците од Ауди во работата н екипата.

По пет години во Мерцедес, Ботас дојде во Хинвил на почетокот од минатата сзеон, така што добро знае што значи да се вози за фабричка екипа. Запрашан дали ќе остане во тимот кога Ауди ќе стане официјално партнер на Заубер, 33-годишникот одговори:

зошто да не, сега имам 33 години и мислам дека ќе бидам дел од гридот.

Финецот посочи дека влезот на Ауди во Формул 1 ќе го задржи него и сите во екипата мотивирани во периодот кој следува.

ако ја погледнете големата слика, доаѓањето на ауди во формула 1 е огромна работа, а заубер има страшно голем потенцијал со ауди како партнер. немам сомнеж дека пред тимот има многу успешна иднина со толку сериозна компанија како партнер.

за било кој возач на гридот, особено за мене што сум дел од тимот во моментов, ќе биде одлична прилика да вози за ауди, сакам да сум дел од тој интересен проект и мислам дека е можно да останам.

Валтери е свесен дека пред Алфа Ромео има многу работа за тимот да стане конкурентен, но призна и дека поддршката на Ауди во пресрет на официјалниот влез во спортот ќе му помогне многу на тимот.

имаме многу работа пред нас, нема сомнеж во тоа, тоа е факт, но не заостанувае многу затоа што имаме сјајна фабрика и опрема. некои од нашите оддели се подобри дури и од шампионските екипи, а бројот на луѓе кои работат е се поголем.

со поддршка од производител како ауди, не гледам причина зошто да не напреднеме драстично. се зависи од тоа колку ауди ќе не поддржи во пресрет на нивниот официјален влез во спортот. 

јасно е дека за следната година ништо нема да се промени, сеуште сме алфа ромео и се надеваме дека 2023 година ќе биде подобра од оваа. многу работи зависат од поддршката која ќе ја имаме од 2024 година и ако ауди одлучи да не поддржи и да ни помогне пред официјално да ни дадат мотор, ќе биде одлично.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ