Ботас ќе ја даде на аукција својата кацига од Мелбурн

Заштитната кацига која ќе биде со посебен дизајн за Валтери Ботас за време на Австралиското Гранд При, ќе биде понудена на аукција како поддршка на Save the Children.

Возачот на Алфа Ромео се здружи со абориџинскиот уметник Рики Кидеа за да направат две кациги посветени на загрозените заедници во Австралија кои се често потценувани. По Гранд При трката во недела, една од кацигите ќе биде понудена на ауција, а собраните средства ќе бидат насочени кон хуманитарни цели.

Еден проект кој ќе добие финансии од аукцијата е Mooroopna Kinder Project кој ги поддржува семејствата и им помага на децата во периодот додека се вограника или на почетокот од школството, како и оние кои биле жртви на поплавите во 2022 година. Друг проект е Save the Children каде ќе се реновираат и поправаат објекти.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ