Брандл: Планираната промена на правилата нема смисла

Одлуката да се забранат греачите на гумите за наредната година останува на сила и покрај критиките од возачите по првите тестирања. 

Пирели искористи неколку тренинг сесии за да се подготви за новата забрана со која треба да се намали користењето на електрична енергија во гридот. Возачите не беа импресионирани од тестот каде се намали температурата на греачите од 70 на 50 степени, а Пирели веќе се откажа од планот да направи промена во оваа сезона. Но, планот за забрана за греачите останува независно од желбите на возачите. 

Во ВЕЦ шампионатот видовме дека незагреаните гуми носат многу проблеми на возачите, а пилотот на Ферари, Антонио Фуоко, излета со незагреани гуми. 

Нема смисла да се забранат греачите. Болидите ќе излетуваат и трошоците ќе бидат на друго место. Возачите и маршалите ќе бидат во поголем ризик. Поскапо и неефикасно е гумите да се загреваат на тест, тренинг останати сесии. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ