Брандл предупредува на тежок период за Мекларен по Сеидл

Аналитичарот на биртански Скај, Мартин Брандл, вели дека неодамнешната загуба на тимскиот шеф на Мекларен, Андреас Сеидл, ќе биде лоша вест за организацијата понатаму.

Претходно оваа недела, Мекларен објави дека Сеидл го напушта тимот по четири сезони надгледувајќи ги секојдневните операции на тимот од Вокинг. Сеидл ја презеде улогата на Главен извршен директор на Групацијата Заубер пред влезот на Ауди во Ф1 во 2026 година.

Мекларен е на пат на опоравување по неколку тешки години во турбо-хибридната ера и има неколку подиуми, вклучувајќи и победа на трка, од доаѓањето на Сеидл, но Брандл вели дека заминувањето на Сеидл ќе го назади растот на Мекларен.

Нема сомнеж за тоа, губењето на Сеидл е лоша вест за Мекларен понатаму.

Тој има долгорочна врска со групацијата Фолксваген, преку Порше, така што можам да разберам зошто го направи ова и да разберам зошто Мекларен сакаше да го забрза процесот. ова дефинитивно не е она што им требаше – смета брандл.

Мекларен влегува во сезоната во 2023 година со ревидирана возачка постава, откако дебитантот Оскар Пиастри се приклучи на местото на Даниел Рикардо. Брандл смета дека Пиастри, како и неговиот тимски колега Ландо Норис, ќе бидат разочарани од заминувањето на Сеидл.

Големото нешто за Мекларен е нивниот нов воздушен тунел за 2024 година – рече Брандл.

Значи, Ландо ќе размислува во насока зошто Андреас си заминал и што е тоа што го видел во Ауди, а кое Мекларен не може да го понуди.

Оскар исто така ќе биде разочаран бидејќи ги имаше сите дискусии со Андреас за тој да се приклучи на тимот..

Ландо е многу близок со Зек Браун и тој врши одлична работа таму, има добра структура во Мекларен. Не паничам ниту малку за нив, но не можете да гледате кон сето ова како добра вест.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ