Браун иритиран од доцнењето на Ландо

Главниот извршен директор на Мекларен Рејсинг, Зек Браун, откри една работа која го иритира кај својто возач, Ландо Норис, а тоа е доцнењето на возаот.

Норис е еден од најдобрите млади возачи на гридот, освои пол позиција за Мекларен и веќе има шест подиуми за нив откако стана дел од нивната постава од 2019 година. Сезонава ќе биде 5та за него во Формула 1, така што 23-годишникот се надева поредовно да предивикува за подиуми и редовно да биде во топ 5, секако, заедно со новиот колега, Оскар Пиастри.

што ме фрустрира кај ландо? тој доцни по пет минути секогаш, ако се договориме во 8 часот, тој секако ќе задоцни – откри американецот.

Сепак, Зек вели дека тоа е ситен проблем затоа што британскиот возач фантстично се интегрира и работи со тимот.

одлично кај него што е многу искрен и константно се подобрува во возењето и работата со сите.

Ландо е мирен по природа, нешто што најмногу го импресионира Барун кој верува дека во следните 10-15 години, тој ќе биде шампион.

кога прв пат возеше против фернандо алонсо, беше обичен ден за него. мислам дека е страшно мирен и ладен и поради тоа е многу константен.

има уште 10-15 години врвно тркање пред себе и ако му дадеме силен болид, ќе ни донесе титула. многу сериозно гледа на работите, но знае и да се забавува.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ