Брачес: Ф1 е како стартап

Комерцијалниот шеф на Формула 1, Шон Брачес, откри дека сите области од тркачката серија не се доволно развиени и се чувствува како да раководи со стартап (startup). Претходното раководство беше составено исклучиво од Берни Еклстон кој не обрнуваше никакво внимание на дигиталната ера и социјалните медиуми

Најголемо изненадување за мене беше тоа што нема тим кој работи исклучиво на спонзорските договори, немаше тим кој работи на медиумските права, немае тим кој работи на дигиталните платформи, немаше никаков тим за итражување. Имавме 67 години стара тркачка серија која е глобален бренд со над половина милијарда фанови и фантастичен биланс, без тим кој го работи комерцијалниот дел.

Ако погледнете наназад и сватите колку Формула 1 била успешна без никаков тим кој целосно го покрива комерцијалниот дел, фантасттично е да се види како стигнале до толкав број на фанови и заработиле толку многу пари. Искрено, ова е како да раководите со стартап и да почнувате од нула.

Имаше многу работи кои беа фантастично сработени, но имаше и цел куп можности за фановите за да се подигне спортот на едно ново и многу подобро ниво низ светот. Не се работи само за Формула 1, треба да се подобрат многу работи и со нашите партнери кои не пренесуваат, спонзори, промотери … – заврши Брачес.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ