Ф1 блокбастерот со Бред Пит започнува со снимање викендов на Силверстон

Гаражата на 11от тим е поставена во Силверстон поради планираното снимање викендот.

Првите сцени за холивудскиот Ф1 филм со Бред Пит треба да се снимаат за време на викендот за Големата Награда на Британија.

Се појавија првите слики од гаражата на тимот „Apex GP“, при што беше потврдено дека Пит ја игра улогата на возачот „Сони Хејс“ покрај тимскиот колега „Џошуа Пирс“, кој ќе го глуми Демсон Идрис.

Гледачите ќе можат да ги гледаат сцените што се снимаат на патеката и во боксот, кој е поставен со целосна опрема за да вклучува и менување на гумите.

Заплетот се центрира околу Хејс, кој е тркачки возач кој се враќа од пензија за да биде ментор на Пирс кој го има својот последен обид за слава на патеката.

Сцените за филмот ќе се снимаат помеѓу официјалните сесии, при што 59 годишниот Пит ќе вози на патеката во модифициран Ф2 болид со аеродинамика на Ф1 спецификации дизајниран од Мерцедес и оптимизиран за снимање.

Болидот ќе биде монтиран со мали 6K камери кои никогаш претходно не биле користени за снимање на филм, а ќе се снимаат и реални кадри од трката.

Снимањето ќе се одвива прво во Силверстон, а потоа на голем број други настани од календарот на Ф1 подоцна во текот на годината.

Пит веќе беше забележан на голем број трки, вклучувајќи го Гранд При на САД минатата година во Остин и Гранд При на Мајами претходно оваа сезона.

Филмот ќе го режира Џозеф Косински од Топ Ган: Маверик, а продуцент ќе биде Џери Брукхајмер. Исто така, вклучен е и Луис Хамилтон како консултант за да се осигура дека е филмот автентичен и веродостоен, преку неговата продукциска компанија „Dawn Apollo Films“.

Извршниот директор на Либерти Медиа, Грег Мафеј, предвидува дека филмот ќе ја надмине популарноста на документарната серија на Нетфликс, Drive to Survive.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ