Британски Канал 4 губи половина милион гледачи поради Ф1

Поради покривањето на Формула 1 од страна на Скај Спортс Ф1 на секоја трка од сезоната, Канал 4 изгубиле просечно 518,000 гледачи годинава откако им е дозволено само да покажуваат најинтересни видео записи.

Оваа сезона, покривањето на Ф1 е малку променето. Скај Спортс имаат дозвола да ги пренесуваат сите освен една трка, додека порано Канал 4 имаше право да пренесува околу половина од трките.

Новиот договор на Канал 4 сега им дозволува да го пренесуваат Британското Гранд При преку бесплатен стриминг сервис. Освен тоа, каналот има дозвола да прикажува само одложени интересни видео записи подоцна во текот на вечерта.

Покрај тоа што сега мора да се плаќа месечна претплата за да се следат Формула 1 трките во Британија, директорот за истражување, Мет Робертс, всушност на почетокот на сезоната истакна дека тоа ќе донесе повеќе гледачи.

Канал 4 ќе ги имаат најинтересните видео записи следната година и работевме со нив да се осигураме дека ќе ги прикажуваат трките во пожелно време. Сметаме дека ќе имаме повеќе гледачи следната година во Велика Британија одколку оваа.

Според Форбс, Канал 4 изгубиле 5 милиони гледачи во 2019 година поради новиот договор.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ