Херберт и Ди Реста не се повеќе дел од Скај Спортс Ф1

Долгогодишните експерти и стручни коментатори на британски Скај Спортс Ф1, Џони Херберт и Пол ди Реста, нема да бидат дел од коментаторскиот тим за претсојната сезона во Формула 1.

Во средата, Херберт го најави своето заминување кога постави слика на социјалните мрежи со натпис “Ќе ми недостасува тимот“, а веста подоцна ја потврди и Скај Спортс.

Џони е составен дел од нашиот Формула 1 тим уште од првата сезона на Скај Спортс ф1 во 2012 година – стои во соопштението.

Ќе ни недостасуваат неговиот хумор и голема личност и му благодариме за неговата енергија и ентузијазам во последните 11 години. Сите му посакуваат се најдобро во иднината – велат од телевизијата.

Не е јасно зошто трикратниот победник на трка заминува, но разочараните фанови шпекулираа на социјалните мрежи дека честопати отворената искреност на британецот, можеби била фактор.

Херберт не е единствениот поранешен Ф1 возач кој се разделува со Скај, а од овогодинешната постава испадна и Пол ди Реста, кој коментираше заедно со Дејвид Крофт како замена за Мартин Брандл. Сепак, отсуството на шкотланѓанецот може да се оправда со неговата тркачка програма за 2023 година, со тоа што ди Реста повторно се натпреварува со Пежо во ВЕЦ првенството, но исто така ќе вози со тимот на Јунајтед Аутоспортс ЛМП2 во европската серија Ле Ман.

Разбирливо е дека ниту Херберт ниту ди Реста нема да бидат заменети во коментаторскиот тим на Скај, додека во составот нема нови лица.

Џенсон Батон, Нико Розберг, Дејмон Хил, Карун Чандхок, Даника Патрик и Ентони Дејвидсон ќе продолжат да им даваат увид и експертиза за Ф1 возачите на гледачите во текот на сезоната додека Крофт и Брандл остануваат на чело за коментирање.

Во падокот, Сајмон Лазенби, Наоми Шиф, Пинкам, Брукс и секогаш забавниот Тед Кравиц, исто така, ќе продолжат да ги даваат своите коментари за тркачките викенди.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ