Будковски„ Жалбата против Рејсинг Поинт е важна за во иднина

Жалбата на Рено против РП20 болидот на Рејсинг Поинт е клучна во дефинирање на Формула 1 модеот за во иднина, смета МАрцин Будковски, Извршниот директор на фабричката екипа.

По крајот на Штаерското Гранд При, Рено формално се жалеа на делот за ладење на сопирачките на Рејсинг Поинт за кои сметаа дека се идентични со оние на ланскиот В10 пакет на Мерцедес. Рејсинг Поинт, од своја страна, отворено признаваа дека нивниот дизајн се базира на ланскиот шампионски на Мерцедес, но и дека се е согласно правилата.

Првичната жалба на Рено се однесува само на делот за ладење на сопирачките на РП20, но Будковски смета дека тоа ќе биде клучно за да се докажат соработки од таков тип во иднина.

за нас е клучно да се дознае што е дозволено, а што забрането оваа сезона за да знаеме за што да протестираме до крајот на оваа сезона, но следната затоа што сакаме точно да бидеме свесни каква ќе биде формула 1 во иднина.

дали сакаме модел со 10 екипи кои независно ќе подготвуваат болид и ќе се борат со еднаква распределба на приходите за да дојдат на слично ниво на трошење, не веднаш, но со тек на време. има голема можност за тоа согласно правилата од 2022 година за техничкиот изглед на болидите кои лесно ќе се следат и претекнуваат еден со друг.

сакаме да дознаеме дали е дозволено да користиме геометрии или деливи од друга екипа на нашиот блид затоа што ние мислиме дека тоа не е вистинскиот пат по кој формула 1 треба да се движи. не се работи за жалбата и не се работи само за една трка туку се работи за формула 1 моделот и иднината на спортот – вели будковски.

ИСто како и Марцин размислува и Андреас Сеидл, шефот на Мекларен кој не сака фотокопир првенство од тркачката серија.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ