Може ли Андрети да влезе во Ф1 преку Алпин ?

Андрети Глобал официјално доставија до ФИА апликација за влез на Формула 1 гридот кога тој ќе се прошири, но со се што се случува во Алпин во послендо време, некако се шпекулира дека американците ќе најдат пат до гридот преку францускиот фабрички тим.

Лорен Роси, Главниот извршен директор на брендот неодамна изјави дека е разочаран од перформансите, резултатите и грешките кои ги прави екипата годинава, а секако дека таквите јанвни критики ќе влијаат многу на моралот и мотивацијата на тимот од Енстон. Таквите изјави не создаваат атмосфера на комуникација и соработка, туку барање виновник за неисполнеите цели во ситуација во која на тимот му треба работа и перформанси за да се врати на зацртаниот пат.

Роси беше присутен во падокот во Мајами, но таму беше и шефот на Рено групацијата, Лука де Мео, кој немаше реакција на изјавата на Лорен, така што веројатно е одобрена од него и се согласува со истата. Може ли тоа да биде само знак дека французите размислуваат да престанат со вложувањата во Формула 1?

Во Мајами, Андрети повторно потврди дека засилено и без престан се работи на наоѓање на пат до Формула 1 според планот, а екпата веќе се подготвува во американската база во очекување на позитивен одговор од ФИА летово.

Потенцијлано превземање на Алпин од страна на американците е добитна комбинација за двете страни, Андрети ќе го најде долгоочекуваниот пат кон Формула 1 гридот, а Рено веројатно ќе има некаков повраток на својата инвестиција откако веќе не стигна до врвот на фридот како што очекуваа и планираа.

Проценките се дела Алпин вреди некои 850 милиони долари, нешто што Андрети и неговитеп партнери, пред се продавачот на автомобили AutoNation, не би требало да имаат проблеми да го платат. Рено и Андрети веќе имаат преддоговор за снабдување со мотори доколку американците се најдат на гридот, а Рено се вели дека веќе контктирале со AutoNation, најголем тргове со автомобили во САД, за продажба на нивните возила.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ