Валентино Роси љубоморен на Ф1 возачите поради Муџело

Седумкратниот МотоГП шампион, Валентино Роси, изјави дека е многу љубоморен на Формула 1 возачите што ќе можат да се тркаат на Муџело викендов и верува дека тие ќе уживаат во искуството кое го нуди автодромот.

Тосканското Гранд При кое е на програмата претстојниов викенд е прва трка на легендарниот Муџело од страна на Формула 1, додека е редовен домаќин на Италијанското Мото Гранд При од 1994 година. Но, поради пандемијата, моторџиите нема да се тркаат на таа патека сезонава.

Во 2008 година, сегашниот возач на Јамаха имаше дводневен тест со Ферари на Муџело и потоа изјави дека тоа било неверојатно искуство, а потенциаше дека надолнината Казанова / Савели односно 6та и 7та кривина како и двете Арабиати биле невероатни во Формула 1 болид.

многу сум им љубоморен на формула 1 возачите особено поради тоа што ние не се тркаме на муџело годинава. за мене и за многу други моторциклисти тоа е една од најдобрите патеки во светот.

сум возел формула 1 болид два пати на муџело и беше неверојатно. еднаш тоа го направив и на мокра патека и беше лудило осоено во делот казанова / савели како и арабиата 1 и арабиата 2.

во арабиата 2 сигурно дека во формула 1 болид одите со гас до даска и веројатно 275 кмч и сето тоа е на слепо поради тоа што болидите се многу пониски од моторите и не го гледате излезот од кривината. мислам дека возачите ќе уживаат, а јас сум многу љубопитен и ќе ја гледам трката.

патеката е малку тесна за болидите кои се доста широки, но сите ќе уживаат во муџело – смета докторот.

Кон средина и крајот на 2000-те години, Роси редовно тестираше Формула 1 болиди и неколку пати дури и беше блиску да го промени спортот и да вози во Формула 1, но на крајот се реши да остане во МотоГП. Последен пат тестираше Ферари крај Барселона во 2010 година, но пред три години го возеше болидот на Хамилтон на промотивен настан во Валенсија.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ