Вандорн тврди: Алонсо добиваше се што ќе посака во Мекларен

Поранешниот возач на Мекларен, белгиецот Стофел Вандорн, откри дека неговиот колега во тимот, Фернандо Алонсо, секогаш во целост контролирал што се случува во базата во Вокинг и добивал што и да посака од тимот.

Белгиецот кој долго време штитеник на Мекларен е ГП2 првак од 2015 година, а имаше и сезона во Супер Формула пред да дебитира во Мекларен на втората трка од 2016 година како замена за повредениот Алонсо. Тогаш имаше посилни квалификации од тогашниот колега, Џенсон Батон, и заврши на 10то место носејќи поен за тимот и станувајќи прв дебитант по Себастијан Фетел кој првата своја трка ја финиширал во поени.

Талентираниот млад возач доби место во екипата следната година крај Алонсо, но не успеа да ги оправда очекувањата во двете години минати во Вокинг. Тој покажа дел од својот талент, но никогаш не успеа да биде на нивото на Нандо.

никогаш не сум имал никаков проблем со алонсо, но тој секогаш добиваше се што ќе посакаше. секогаш имаше двајца или тројца од менаџментот на мекларен кои се грижеа се да биде на начинот на кој алонсо сакаше да биде. екипата му даваше целосна поддршка, одврзани раце и целосна моќ и секој возач би искористил од деловите кои ги добива за сметка на својот колега – откри вандорн.

Белгиецот никогаш не беше подобар од својот искусен колега на квалификациите лани и на трките кои заедни ги завршуваа, но никогаш не престана да го фали својот млад колега велејќи дека тој е најбрз колега кој го имал во кариерата.

на хартија никогаш не завршив пред него, но доаѓав многу поблиску до него од неговите дотогашни колега, дури и веднаш зад него. мекларен никогаш не ми кажаа директно да не го победувам, но често ми даваа инструкции да го пропуштам на трка. тоа речиси секогаш се случуваше.

Иако Вандорн е разочаран од политиката која лвадее во спортот, тој е свесен дека тоа сеуште е најпрестижната моторспорт тркачка серија.

формула 1 е еден вид на лажен свет во кој сите се согласуваат, но ги ставаат сопствените интереси на прво место. во формула е, ле ман и вец има чисто тркање, се оди на трка не поради политика.

формула е е веднаш под формула 1, една од најконкурентните класи каде многу возачи имаат формула 1 искуство, а останатите имаат квалитет за да бидат дел од формула 1.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ