Вебер: Алпин лажат за милионската поддршка на Пиастри

Според кажувањето на Марк Вебер, кој е менаџер на Оскар Пиастри, тимот Алпин не ја кажува вистината дека потрошиле милиони на младиот австралијанец. 

Конечно заврши сагата со договорот на Оскар Пиастри и Алпин и тимот потроши дополнителни 600,000 долари за правни трошоци откако договорите се најдоа пред Борд на Формула 1 со намена за решавање на вакви спорни ситуации. 

Секако е тешко кога ќе се најдеш во ваква позиција, но конечно се расчисти. Алпин ја знаеја својата позиција само стана фрустрирачки за Оскар. Ова е најголем момент во неговиот живот и му ја отежнија работата. 

Алпин изјавија дека потрошиле милиони на подготовките на младиот возач, но Вебер смета дека бројките се надувани. 

Оскар заработи доста пари од шампионатите надвор од инвестицијата на Алпин. Преку 80% од буџетот го доби од спонзори и од семејството. 

Младиот возач сеуште се води како возач на Алпин, но Вебер очекува тој порано да биде ослободен. Вебер и Мекларен сакаат порано да се договорат. 

Ќе преговараме наредната недела. Оскар е професионалец, но се зависи од Алпин. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ