Вебер ги нападна Алпин во одбрана на својот возач Пиастри

Поранешниот Формула 1 возач и сегашен менаџер на младиот Оскар Пиастри, ги нападна Алпин откако нивниот шеф, Отмар Шафнауер, посочи дека возачот покажал очајна лојалност кон оние кои го поддржувале.

Пиастри беше дел од Академијата на Алпин неколку години, а сезонава која претстои ќе вози за Мекларен. Откако Алпин го загуби спорот окоу договорот со младиот возач, Шафнауер го критикуваше за неговата нелојалност.

оскар беше многу релаксиран во целата ситуација. секако дека не покажуваше многу лојалност кон нив со оглед на тоа што чекаше одгоори кои цело време беа одложувани. тој беше најлојалниот во целата ситуација, а оние кои се со него откако тој почна да се трка беа далеку понервозни.

оскар е смирен и колку што може лојален, но иднината беше голем предизвик за него. мекларен рекоа дека сакаат промена, оскар беше достапен и моравме брзо да реагираме и да продолжиме понатаму – објасни вебер.

Младиот австралијанец ќе вози крај Ландо Норис годинава откако во 2021 година беше првак во Формула 2, а лани беше резерва. Вебер смета дека Мекларен се храбри што го отпуштиле Даниел Рикардо за да му дадат шанса на Оскар.

беа подготвени да ризикуваат со оскар што е неверојатно. истото го направија со ландо, во некој степен и со карлос саинз, а мекларен и рон денис го направија тоа со луис хамилтон. оскар доби одлична можност да вози, секако дека нема да биде лесно да се замени даниел рикардо.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ