Вебер: На Ботас му недостасуваат апетит и борба

Поранешниот возач во Формула 1, Марк Вебер, смета дека на Валтери Ботас сеуште му недостасува борбеност во директните дуели споредено со Луис Хамилтон.

Ботас и Хамилтон разменија победи на првите четири трки во 2019 година, како што Мерцедес почна да ја прикажува својата доминација. Сепак, шесткратниот шампион потоа стигна до 4 последователни победи, а финецот и останатите ривали почнаа да заостануваат.

Ботас победи во Јапонија и во Америка, но повратокот дојде прекасно за возач кој нема “убиствен“ инстинкт според Вебер.

Ова беше тешка сезона за Валтери. Ферари требаше да нападнат веднаш по зимските тестови, тоа не се случи, а Мерцедес беа многу силни. Потоа видовме повраток од Ферари во средината на сезоната, а Луис повторно го покажа своето искуство при справување со Ферари.

Ботас во однос на директните дуели, апетитот за борба, да нападне, често тоа недостасува кај него. Луис беше мајстор. Леклер се појави со неколку удари, Себ исто така, но тој се справи со нив еден по еден.

Во текот на сезоната, неговата издржливост е воодушевувачка.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ