Вебер очекува Гасли да процвета во Алпин

Поранешниот Формула 1 возач, Марк Вебер, смета дека Пјер Гасли ќе процвета и ќе напрадува откако ќе го напушти АлфаТаури и ќе премине во Алпин наредната сезона. 

Гасли беше дел од Ред Бул академијата од 2017 година откако возеше за Торо Росо, потоа премина во сениорскиот Ред Бул за да го вратат назад во АлфаТаури. 

Ми се допаѓа Пјер. Тој е одлично момче, Долго време е со Ред Бул и мислам дека ќе му се допадне новата околина. Очигледно Алпин е француски бренд и Пјер полесно ќе се снајде – смета вебер.

Трансферот на Гасли е дел од домино ефектот предизвикан од пензионирање на Фетел, по што Алонсо премина во Астон Мартин, французинот дојде на негово место во фабричкиот Алпин. Рикардо остана единствено без тим што според Вебер е поради тоа што сите места се зафатени. 

Резервна улога во Мерцедес? Не знам уште колку ќе вози Хамилтон. Даниел мора да донесе одлука, Мора да размисли за Мерцедес. 

За Вилијамс се зборува дека ќе го донесат Логан Сарџент како колега на Албон откако не му го продолжија договорот на Николас Латифи. 

Тој е фаворит. Беше одличен во Формула 2, Либерти го сакаат, а Има и доволно поени на лиценцата. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ