Вебер смета дека Фетел е веќе потрошен

Поранешниот Формула 1 возач на Ред Бул, Марк Вебер, смета дека неговиот поранешен колега, Себастијан Фетел е далеку од најдоброто и е веќе потрошен.

Двајцата беа колеги додека траеше доминацијата на тимот од Милтон Кинс од 2010 до 2013 година кога Себ ги освои своите четири шампионски титули, а неговиот однос со Вебер беше далеку од идеален.

По очајната последна сезона во Ферари, германецот сака да се врати на старите патеки со Астон Мартин кои годинава се враќаат со фабричка екипа во спортот.

нервозен сум за него затоа што не знам уште колку муниција има во него. мислам дека ќе ужива во тимот, нема сомнеж, ќе ужива што нема да биде во маранело и ќе почувствува англиска култура, секогаш го сакал тоа, тоа го знам.

но, мислам дека сето тоа не се претвора автоматски во перформанси, иако сигурен сум дека во однос на уживањето ќе му биде подобро. не знам што ќе кажат неговите времиња затоа што часовникот е главен во формула 1.

не е на почеток на својата кариера и доколку биде подпросечен и биде на средина од поредокот, тоа ќе биде проблем за него затоа што тој не е возач за средина од поредокот. нервозен сум за него годинава.

астон мартин сеуште не се победници, немаат интензитет и победнички менталитет и самошто почнаа сериозно да напредуваат. треба добро да разбере како да ги ондесе екор подалеку, да напреднат и поради тоа сум многу нервозен – изјави вебер за својот поранешен колега.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ