Вебер: Фрустрирачка трка, но стартовите беа возбудливи

Поранешниот возач и сегашен менаџер, Марк Вебер, смета дека е убаво што Формула 1 конечно почнала да користи рестартови од гридот наместо зад безбедносното возило, иако е разочаран од начинот на кој заврши неговото домашно Гранд При.

Дури три црвени знамиња беа развеани за време на трката, првите две поради судари на возачи, а третото поради хаосот на вториот рестарт.

финишот на трката беше фрустрирачки иако возбудата донесе огромна гледаност. од спортска перспектива убаво е да се види старт од место, од гридот.

возбудливо е поради тоа што со оглед на температурата на патеката, безбедносното возило силно ќе ги оладеше гумите и рестартот зад него ќе беше лош. дополнително, недозволено е да се вози бавно и потоа нагло да се забрза затоа што ќе се направи проблем во задниот дел од гридот – посочи вебер.

Марк се сомневаше во потребата за црвено знаме по сударот на Кевин Магнусен, посочувајќи дека возачите непотребно биле изложени на ризик.

мислам дека сударот во магнусен се случи во лош момент, на самиот праг да се запрашате дали е потребен рестарт. не сакам да критикувам никој затоа што овие возачи се едни од најдобрите во светот, но ладните гуми прават голем проблем.

рестартот почна со ладни софт гуми и не беше добар како резултат на тоа. возачит верјатно се фрустрирани во однос на сите случувања/

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ