Нова победа на Луис Хамилтон, негова 47та во кариерата, 54та за екипата на Мерцедес и вкупно 107 подиуми за “сребрената стрела“. Уште едно одлично достигнвуање за Хамилтон, негова 3та последователна победа на Силверстон. Седум секунди побавен од британецот беше неговиот тимски колега, иако неговиот пласман на трката е под истрага, а 2ра трка по ред до 3то место доаѓа младиот Макс Верстапен. Доколку истрагата на стјуардите не промени ништо, Хамилтон е на само 4 поени зад Розберг во генералниот поредок.
На големо изненадување на сите, 20тина минути пред почетокот на трката, небото над Силверстон се отвори истурајќи огромно количество дожд на патеката. На стартно целната рамнина беше прогласено мокра трка, сите променија на плавата компонента гуми за дождливо време, а безбедноснотно возило ја поведе колоната.
Бернд Мајлaндер со својот Мерцедес возеше 6 кругови пред болидите, а потоа се повлече во гаражата. Тоа беше знак за старт, но старт само на првите 4ца (Хамилтон, Розберг, Верстапен и Рикардо) затоа што останатиот дел од гридот влезе во бокс по интермедиа пневматици и се создаде хаос во гаражите.
Круг подоцна по интермедиа влезе и Даниел Рикардо, а во 8от круг водечкото трио искористи Виртуелно безбедносно возило предизвикано од Паскал Верлејн и влезе по нови пневматици, зелени, интермедиа.
Паскал Верлејн се пожали на вода на патеката и извозе само 1 круг без бедбедносно возило излетувајќи на свиокот Аби што значеше и крај за неговата трка. Викендот по освоениот поен за Манор беше очаен затоа што на истиот свиок излета и Рио Харианто во 26от круг.
Откако сите беа на патеката со интермедиа гуми, Хамилтон до 10от круг имаше 10 секунди предност пред Нико Розберг,.
Во кругот број 16 најхрабар се покажа Себастијан Ветел кој прв промени на медиум компонента, а следниот круг тоа го стори и неговиот тимско колега. Ветел веднаш постави најбрз круг, но во вториот излета на првиот свиок, на Аби.
Кругот број 16 беше и моментот кгоа Макс Верстапен го мина Нико Розберг превземајќи му го 2то место. Во 18от круг по сликови влегоа Хамилтон, Розберг и Рикардо, а Верстапен остана лидер на трката само еден круг, пред да влезе и тој по свежи гуми во 19от круг.
Роман Гросжан се врати во поени во Австрија, но тука издржа само 19 кругови пред да се паркира крај патеката.
Во 20от круг при една промена на гумите на Џулион Палмер, механичарите на Рено не му ги монтираа сите 4 пневматици, а му дадоа знак да тргне. Жолтиот болид со туркање беше вратен во боксот, а британецот доби казна од 10 секунди за овој тимски пропуст.
Кругот број 22 беше моментот кога Даниел Рикардо го превема 4то место од Серхио Перез и не испушти до крајот на трката.
Во 29от круг Ферари со Себастијан Ветел за прв пат влезе во поени. Германецот го мина Даниил Квјат и го превзема неговото 10то место. Девет кругови подоцна Себ го мина и Фелипе Маса за 9то место, но доби казна од 5 секунди на времето на крајот од трката проади неправедно блокирање и истуркување од патеката. Сепак, Ветел заврши над 5 секунди од Квјат и го задржа своето 9то место и повеќе од скромните 2 поени на своето конто.
Кругот број 38 по 10тина кругови бркотница, 2то место си го врати и Нико Розберг минувајќи го Верстапен. Сепак, подоцна Розберг имаше проблеми со сетирање на својот боли, а од боксот му даваа очигледни сугестии што да направи. Поради ова, позицијата на Нико е под знак прашалник.
Џулион Палмер комплетираше само 40 кругови на домашната трка пред да се откаже. Ова беше лошо деби за британецот на Силверстон во Формула 1 машинерија.
На 4 кругови пред крајот на трката, Кими Раиконен конечно го стигна Серхио Перез и го превзема неговото 5то место, минувајќи го на Хангар правецот.
На крајот на трката, нов 1-2 триумф за Мерцедес, пред 2та болиди на Ред Бул и Ферарито на Раиконен. Следуваа двата болиди на Форс Индија, потоа Карлос Саинз, а во топ 10 влегоа и Себастијан Ветел и второто Торо Росо.
[advanced_iframe securitykey=”006b4d8db8ba3ffa9c5b6e5d017ef95fa87e2bd5″ src=”http://www.bn-ms.com/bnms.com/formula1/plasman/rezultati-2016-10-britanija.html” width=”100%” max-width=”600″ height=”960″ id=”iframe-rezultati”]