ВЕЦ, Шангај: Алонсо второпласиран за Тојота

Мајк Конвеј, Камуи Кобајаши и Хозе Марија Лопез победија со автомобилот број 7 на Тојота на трката во Шангај, нивна втора последователна победа по Фуџи минатиот месец.

Автомобилот број 8, возен од Фернандо Алонсо, Казуки Накаџима и Себастиен Буеми, се пласираа на втората позиција, откако изгубија време во средниот дел од трката за време на безбедносното возило. На последното место на подиумот, за првпат годинава, се пласираа Џенсон Батон, Витали Петров и Микаил Алешин од СМП Рејсинг.

Астон Мартин стигнаа до прва победа во ЛМГТЕ Про со новиот модел Вантиџ, возен од Ники Тхим и Марко Соренсен по тензична битка со Порше и БМВ во текот на целата трка.

Во ЛМП2 до победа стигна домашната екипа, Џеки Чен ДЦ Рејсинг, составен од Хо-Пин Тунг, Габриел Обри и Стефан Ришелм.

Автомобилот број 77 на Демси Протон Порше, стигна до својата трета победа во ЛМГТЕ Ам во сезоната, со Мет Кембел, Џилиен Андлауер и Кристијан Рид.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ