Вилијамс ги претстави шарите за своето 800то Гранд При

Тимот ја претстави својата специјална шара кој ќе ја користат за Големата Награда на Велика Британија и Унгарија.

Вилијамс ја претстави својата специјална шара за 800та трка која ќе се користи на ФВ45 за Големата Награда на Британија и Унгарија.

Еднократниот дизајн ќе биде поставен и на автомобилот на Алекс Албон и Логан Сарџент, кој им оддава почит на тимовите од британското наследство и починатиот основач Сер Френк Вилијамс.

Првичната 800та трка на тимот требаше да биде трката во Силверстон, но со откажувањето на Имола се пресели во Будимпешта.

Како резултат на тоа, тимот слави во двата викенди за да се осигура дека навивачите во Велика Британија може да бидат дел од комеморацијата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ