Вилијамс: Немаме резерва доколку Сарџент не добие лиценца

Шефот на Вилијамс, Јост Капито, потврди во саботата дека Логан Сарџент ќе вози за тимот, но само доколку ги добие потребните поени за супер лиценцата. 

Американецот има 28 поени до сега, но потребни му се вкупно 40 за да може да вози наредната година во Формула и треба да заврши во топ 6 во јуниорската Формула 2 годинава за да ја обезбеди лиценцата. 

Немаме конкретен возач како замена. Има возачи без договор и Тоа се добри возачи со суперлиценца – вели германецот капито.

Јост изјави дека мора да се игра политички во преговорите и додаде дека перформансите од Силверстон биле одлучувачки за Сарџент . 

Сакаме да го подготвиме Логан што е можно подобро за наредната сезона. Ќе му обезбедиме максимално време во болидот и ќе му дадеме три тренинга затоа што Тоа му дава дополнителни поени. Мислам дека ќе вози и во Абу Даби. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ