Вилијамс ќе ја прослават својата 800та трка со посебна шара

Тимот на Вилијамс ќе користи специјална шара на својот болид за да ја прослави својата 800та трка на Големите Награди на Велика Британија и Унгарија.

Еднократниот дизајн ќе се појави прво на Силверстон, бидејќи тоа требаше да биде нивниот 800ти настан пред одложувањето на Емилија Ромања претходно оваа година.

Британските фанови ќе добијат можност да ја прослават оваа пригода и нивното богато наследство. Тие ќе го користат уникатниот дизајн и за нивната вистинска 800та трка на следното ГП во Унгарија, со посебен спортски амблем во Будимпешта.

Дизајнот ќе му оддаде почит на нивното британско наследство и нивниот основач, покојниот Сер Френк Вилијамс.

Тимскиот шеф, Џејмс Воулс, ја поздрави импресивната пресвртница на тимот кој се етаблира како еден од легендарните тимови на гридот во последните 46 години.

Достигнувањето на нашето 800то Гранд При е извонредно достигнување за Вилијамс Рејсинг – рече Воулс.

Ние сме неверојатно горди на нашата историја и наследството изградено низ годините. Во текот на нашата 46 годишна историја, тимот постигна неверојатни резултати.

Со девет титули кај конструкторите и седум титули за возачи на нашето име, ние сме вториот најуспешен Формула 1 тим на сите времиња, само зад Ферари.

Ги покануваме сите наши фанови да ни се придружат на оваа прослава додека му оддаваме почит на нашето иконско минато и гледаме кон светла иднина.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ