Вилнев се намачил при тестот за Алпин

Жак Вилнев призна дека по тестот на Монца со ланскиот Алпин А521 има многу поразлично искуство од она по кое ја памети Формула 1, а неговиот мозок се мачел да “свари“ се што се случувало на патеката во однос на брзината и грипот на болидот.

Првакот од 1997 година доби покана од Алпин за време на Италијанското Гранд При да го искуси ланскиот болид на тимот, тест за кој канаѓанецот се подготвуваше во симулаторот на тимот во Енстон. Возењето се покажало како огромен предизвик за Вилнев кој се тркаше за француската екипа во 2004 година кога возеа под брендот Рено.

буквално ми се слоши. кога ќе притиснете на сопирачката, мозокот мисли дека сте во формула 1 болид, не во симулатор, мисли дека многу големи г-сили влијаат врз вас, а не е така. мислите дека има огромен притисок врз главата и вратот, а нема, туку целиот притисок е врз заштитните ремени и седиштето, сосема спротивно од она што треба да се чувствува.

потоа мозокот сфаќа дека нешто не е нормално, како да сте издрогиран и тогаш почнува да ви се лоши, а не смее да биде така. се додека мозокот може да прави разлика помеѓу реалност и симулатор, тогаш сте во ред, во спротивно не е добро – откри вилнев како се чувствувал при неговото возење во симулаторот.

По сесиите во симулаторот, Жак се појави во Среда на Храмот на брзината крај Монца целосно подготвен да го проба Алпин болидот со Естебан Окон како советник. Канаѓанецот беше импресиониран од брзината и грипот на А521 болидот, но возачот кој се повлече од серијата во 2006 година бил изненаден и колку неговите мускули се подготвени за напорот.

болидот беше страшно стабилен и едноставен за возење, но има премногу грип. во однос на брзината, мозокот се мачи да ја сфати. залепени сте до земја и чувствувате како да гледате филм со забрзана снимка, импресивно е.

по круговите во симулаторот и анализа на возењето на окон и алонсо, видов каде кочат и сметав дека мозокот го запамтил тоа заедно со тркачките линии од пред 15-16 години. се беше исто на патеката како порано кога се тркав јас, така што меморијата е тука, но кога кочите според сеќавањето и завршувате со кочењето, имате 50 метри до кривината.

дури и да не кочите имате чувство како падобран да ви го сопира болидот поради аеродинамичкото оптоварување. не се сеќавам дека некогаш во животот сум имал можност да возам нешто толку стабилно. се плашев дека нема да можам да ја додржам главата, но успеав.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ