Владата на Австралија не е подготвена да ја потврди трката

Локалната Влада во Австралија сеуште не е подготвена да го потврди овогодинешното Австралиско Гранд При и покрај тоа што трката беше презакажана кон крајот на сезоната.

На сила во Мелбурн, исто како и во Канада е задолжителен 14-дневен карантин при влез во земјата, така што уште пред почетокот на сезоната, наместо во Март, трката беше презакажана за крајот на Ноември.

Шефот на Австралиската Гранд При Корпорација, Ендру Вестакот, не се откажува.

формула 1 има многу ригорозен распоред кој не може да си дозволи период на карантин во ниту едно место каде се организира трка.

она што мораме да го направиме во консултација со здраствентие власти, спортот и владата е да се договориме како тие поединечни меури ќе пристигнуваат без да се мешаат со јавноста и како да може да работат самостојно од хотелот и на патеката – објасни вестакот.

Сепак, портпаролот на Владата на Викторија, држава чиј главен град е Мелбурн, инсистира дека одлука за организација на трката сеуште не е донесена.

тимот за јавни настани во владата работи заедно со австралиската гранд при корпорација и здравствените власти за да развијат безбедни ковид протоколи и план кој може да дозволи да се испорача трка на безбеден начин. здравјето и безбедноста на жителите на викторија ќе биде пред се.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ