Возачите на Хаас ќе пробаат НАСКАР во Остин

Формула 1 возачите на Хаас, Роман Гросжан и Кевин Магнусен, ќе имаат можност да возат НАСКАР автомобил за време на тркачкиот викенд во Америка.

Тони Стујарт, ко-сопственикот на Стујарт-Хаас Рејсинг во НАСКАР, ќе вози околу КОТА во Четврток пред трката со автомобилот број 14 Форд Мустанг, кој во себе ќе има и совозачко седиште. Формула 1 возачите ќе добијат и шанса да седнат позади управувачот.

Стујарт во претходен наврат му овозможи на Магнусен да вози автомобил од Спринт серијата. Данецот никогаш не се тркал со ваков автомобил, но има тестирано со Мерцедес ДТМ.

ДТМ автомобилот е многу аеродинамичен. Имаат многу потисна сила. Автомобил во НАСКАР нема воопшто потисна сила. Не знам како ќе биде. Никогаш не сум возел. Сигурен сум дека ќе биде поинаку од било кој друг автомобил околу КОТА.

Автомобил од НАСКАР е легендарно тркачко возило. Секогаш сум сакал да пробам. Секако, најчесто се вози во овал, но тие се тркаат и на нормални патеки. Ќе биде интересно да се проба и да се забавуваме малку.

Минатиот Октомври бргу се снајдов благодарејќи на Тони, но му благодарам што претходно ми покажа како се вози. Одлично си поминав. Тој е одличен инструктор и знае како функционираат овие нешта. Неговото искуство и познавање за ваквите автомобили е импресивно.

Гросжан се тркаше со Форд ГТ1 за време на паузата од Формула 1 во 2010 година, а претходно беше поврзан со возачко место во НАСКАР за тимот на Хаас на нормална патека.

Мислам дека треба да сопреме порано одколку со Формула 1 болид. Ќе видиме како реагира моторот при додавање на гас. Одвај чекам. Звукот ќе биде неверојатен.

Мислам дека ќе биде добро искуство. Тоа што Тони Стујарт ќе ни помага и ќе ни дава совети е неверојатно добро.

Остин ќе биде прво возење во НАСКАР автомобил за прв пат откако се насочи кон Спринт автомобилите пред 3 години.

Тешко е да се поверува дека поминаа 3 години од последниот пат кога возев ваков автомобил, Но гледајќи кон овие нормални патеки, особено во Шарлот, ме заинтересира помалку, така што ова е одлична шанса.

Никогаш не сум бил на КОТА. Се што знам е што сум забележал од ТВ екраните. Дури и по две декади во НАСКАР, сеуште е ново искуство. Не сум ја возел патеката, а Кевин и Роман не возеле ваков автомобил. Ќе се снајдеме заедно – вели стјуарт.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ