Воулс призна: Погрешив за Сарџент

Новиот тимски шеф на Вилијамс, Џејмс Воулс, призна дека погрешил во својата проценка и фактот што се сомневал во способноста на дебитантот Логан Сарџент.

22 годишниот американец беше избор на претходникот на Воулс, Јост Капито, кој замина од тимот по крајот на минатата сезона. Американецот доста рано беше потврден за овогодинешното место, но со услов да си ги освои потребните поени на својата суперлицанца ако сака да добие Ф1 место.

Многу се зборуваше за потребата од американски возачк во тркачката серија за да се цементира успехот во САД по огромната популарност на Формула 1 со серијата не Нетфликс како и тите трки кои државата ги доби на календарот.

Воулс призна дека првичниот сомнеж кој го имал за талентот на возачот се покажал неоснован затоа што неговите перформанси покажале дека не е во право.

од првите кругови на тестирањето, веднаш можеше да се види дека е многу брз. јас не бев убеден во неговите перформанси и мислев дека ќе му треба многу време, но ме демантираше.

неговот прво гранд при, притисокот кој го имаше над себе беше огромен, но тој се носеше со истиот. превземаше ризици кои вообичаено дебитантите не ги превземаат и грешат при нешто такво.

тој одлично менаџира и се носи со се, претерано е зрел и сигурен сум дека со секоја следна трка ќе напредува и ќе биде само подобар – призна воулс.

Сарџент беше најдобропласиран дебтиант на отворањето на сезоанта во Бахреин со својот пласман на 12то место, две позиции пред Ник де Врис од АлфаТаури и Оскар Пиастри кој не ја заврши трката.

Самиот Воулс имал искуство со сите тројца дебитанти додека бил дел од шампионскиот Мерцедес.

логан дојде во мерцедес на проценка на неговите способности во симулаторот. ме заинтересира поради тоа што имаше перформанси особено во формула 3 каде возеше во многу просечна екипа.

дојде со оскар, а јас многу високо го ценам оскар. во тоа време во мерцедес имавме одличен избор на возачи и поради тоа не продолживме понатаму со никој од нив.

Пиастри во 2020 година ја освои Формула 3 титулата, а Сарџент беше само четири поени зад него таа година, по што за малку ќе се вратеше во родната Америка, но заврши најпрво во Формула 2, а потоа и во Вилијамс.

вилијамс ја финансираа неговата формула 2 кариера затоа што силно веруваа дека е одличен возач. мојот сомнеж дојде од таму што пред формула 2 тешко е да се процени соодветно некој возач, каков е, дали знае да анализира и да се подобри.

тој е кај нас целосно заслужено и како резултат на правилната инвестиција која вилијамс ја имаа во него. тоа покажува дека јас сум згрешил, а вилијамс биле во право – призна инженерот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ