Во Австралија песимисти околу примање гледачи од странство

Главниот извршен директор на Големата награда на Австрија, Ендру Вестакот, призна дека дозволување на странски фанови да присуствуваат на трката како гледачи ќе биде многу тешко.

Трката во Алберт Парк првично беше закажана како традиционално отворање на сезоната, но поради пандемијата е одложена и сега ќе се одржи во Ноември како дел од последната третина. И покрај одложувањето, Вестакот е песимист дека ќе може да се дозволи присуство на гледачи надвор од Австралија и поради тоа се фокусирани само ан домашни посетители.

секако дека треба да внимаваме каде ќе ги продадеме влезниците затоа што ќе биде тешко за гледачите надвор од австралија. имаме многу вљубеници на моторспортот кои не ја добија својата годишна формула 1 доза во австралија така што се надеваме дека ќе дојдат многу фанови надвор од државата викторија – најави вестакот.

Најголем дел од трките минатата година се одржаа без гледачи, но шефот на трката во Мелбурн верува дека нивниот настан ќе има фанови и ќе бидат превземени сите мерки на претпазливост.

се надевам дека ќе организираме настан со многу фанови, но тоа не значи полн капацитет, туку внимателно почитување на препораките на здравствените власти во однос на ситуацијата со пандемијата во тој момент како и насоките од владата на државата викторија.

имаме огромен отворен простор и објекти кои може да се скројат како што ќе бидат здравствените барања и мислам дека ќе имаме добра продажба и многу проддени влезници и публика.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ