Во Алфа не знаат дали Кими ќе остане догодина

Во Алфа Ромео сеуште не се сигурни дали Кими Раиконен ќе остане во тимот и следната сезона и чекаат почеток на преговорите.

Финецот е најискусен возач на гридот со 340 Гранд При трки зад себе во кариера која почна во 2001 година со Заубер. Стана првак во 2007 година со Ферари, а пред почетокот на 2019 година се врати онаму каде што ја почна кариерата.

Неговиот колега, Антонио Џовинаци, не престанува да напредува низ годините, така што во моментов е посилниот возач на тимот, но Алфа сеуште сметаат на иднина со Кими.

не му ги знам плановите и не можам да зборувам за него, но во моментов тој нема проблем со мотивацијата, работи добро со тимот и минатата недела одлично одработе на трка – изјави шефот на инженерингот во Алфа, чеви пухолар.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ