Во Кадилак не се обесхрабрени од пречките за влез во Ф1

Од американски Кадилак објаснуваат дека не се обесхрабрени од лошиот прием во спортот на веста дека заедно со Андрети планираат да стант дела од најпрестижната тркачка серија.

Првиот човек на ФИА посочи дека се истражуваат можностите за нова екипа на гридот, а кусо потоа Андрети Глобал објави дека во партнерство со Кадилак, бренд на Џенерал Моторс, имаат намера да странат дел од гридот. Самата Формула 1 и екипите од гридот не се многу воодушевени од нова екипа поради фактот што ќе им се разводнат приходите, единствено Мекларен и Алпин го поддржаа Андрети.

Потпретседателот на Кадилак, Рори Харви, посочи дека одговорот кој го чита секојдневно не го обесхрабил, туку работат напорно за влез на гридот откако добиле одлична понуда за соработка од Андрети.

немаше да објавиме ништо и немаше да изразиме интерес за влез во спортот ако не сметавме дека она што го предлагаме ги исполнува сите барања и дека ќе успееме. има долг период во процесот на носење одлука. мораме да почекаме и да видиме каква одлука ќе биде донесена на нашето барање за влез.

ФИА сеуште формално не почнала процес за проширување на гридот, нешто што ќе биде проследено со телемна анализа. Мохамед Бен Сулајем самиот истакна дека е изненаден од реакцијата затоа што смета дека Формула 1 треба да цели кон проширување и оджливост.

Загриженоста е и во однос на тоа колкава ќе биде инволвираностан а Кадилак во спортот затоа што планот е да се вози со мотор од некој актуелен производител, а Кадилак само да го ребрендира, така што американскиот бренд нема да биде производител.

од перспектива на андрети, знам дека се супер возбудени. ќе дадеме се од себе со нашето изразување интерес за да покажеме дека искрено веруваме дека можеме да бидеме во формунла 1.

партнерството со андрети го дискутиравме минатата недела и веруваме дека мешавината од се што сите страни носат, споена заедно, ќе донесе конкурентност.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ